Временска прогноза
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
26.07.2025 09:07
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени.
Во утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба.
