параглајдерство
Елитата во параглајдерството е во Крушево
26.07.2025 16:57
Крушево е мека на параглајдерството во светот. Моментално се одржува светски куп со врвни натпреварувачи од цел свет. Крушево ги подобрува условите за алтернативниот туризам.

Светската елита во параглајдерството деновиве е во Крушево. 132-јца врвни светски пилоти во овој спорт се натпреваруваат за најдобар пласман. Организацијата е врвна, градските власти инвестираа.
Гостите ги признаваат врвните предности што ги нуди Крушево.
До недела Крушево е домаќин на светската елита во параглајдерство.
Елизабета Митреска
