Градско
Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на реката Вардар
26.07.2025 12:01
16-годишната девојка трет ден ја бараат полициски службеници и армиските волци со специјална опрема за нуркање и чамци...

Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар кај Уланци во Општина Градско. 16-годишната девојка трет ден ја бараат полициски службеници и армиските волци со специјална опрема за нуркање и чамци.
Таа во четвртокот попладне била однесена од реката додека се капела, заедно со друга повозрасна пријателка од Скопје.
Жената, која неколкупати се обидувала да и помогне беше пронајдена, но не и девојката.
