Марибор не е без шанси против Селтик!
Со добар резултат во плеј - офот, како последно ниво пред вистинската Лига на шампионите, некои од екипите уште на самиот старт можат да ја прогласат сезоната за успешна. Тоа сигурно важи за Марибор, па и за Селтик без разлика што шкотскиот некогаш беше и европски првак, а во групната фаза има осум учества.

На теренот Селтик беше надигран од Легија, но на зелена маса доби шанса по петтипат да го мине последното квалификациско коло. Во оваа фаза, Селтик не одиграл нерешено, никогаш не се соочил со екипа од Словенија, ќе биде без повредените Браун, Форест, Метјус и се уште нерегистрираниот Вакасо, па новиот норвешки менаџер Дејла е претпазлив и смета дека сепак решавачки ќе биде реваншот во Глазгов.
И тренерот на Марибор, Шимунџа се согласува со оваа проценка, но најавува позитивен резултат на „Људски врт“, особено што неговата екипа ќе биде комплетна. Словенечкиот шамион, предводен од одличниот македонски репрезентативец Ибраими кој досега постигна три гола, е во добра форма со којашто ги елиминираше Зрињски и Хапоел Тел Авив. При петте плеј - оф дуели, мариборчани во елитното друштво влегоа само еднаш и тоа преку Лион пред 14 години. Дополнителен потстрек за Марибор е и традицијата според којашто нема пораз на последните четири пресметки со шкотски тимови. Преносот од натпреварот Марибор – Селтик ќе биде на МРТ1 во 20 часот и 45 минути, половина час порано ќе почне и емисијата посветена на Лигата на шампионите.
Во другите бараж дуели вечер ќе играат: Стандард – Зенит, Лил – Порто, Слован Братислава – БАТЕ Борисов и Алборг – АПОЕЛ. Вчера: Бешикташ – Арсенал 0:0, Наполи – Атлетик Билбао 1:1, Копенхаген – Баер Леверкузен 2:3, Стеауа – Лудогорец 1:0 и Салцбург – Малме 2:1