Кочани

Нов протест за загинатите во Кочани

26.07.2025 17:26

Организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, ќе почне во 18 часот и 05 минути од паркот на револуцијата и ќе се одвива по вообичаената рута...

Во Кочани ќе се одржи шеснаесеттиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот, организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, ќе почне во 18 часот и 05 минути од паркот на револуцијата и ќе се одвива по вообичаената рута.

За трагедијата во дискотеката „Пулс“ се обвинети 34 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност, додека за 11 лица, меѓу кои и двајца поранешни министри, постапката е запрена поради недоволно докази.