АМСМ

На Табановце и Пелинце се чека околу 45 минути, на Богородица до 30 минути

27.07.2025 11:22

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.а останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.а останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.