12 активни пожари низ Македонија
Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.

Најкритично на тромеѓето меѓу Василево, Радовиш и Берово. Гори планинскиот предел Готен и делови од малешевските планини. Огнените јазици голтаат нискостеблеста шума и густа вегетација.
Активни пожарите и во прилепскиот регион, едниот кај с. Бешиште, другиот во кракот кон с. Дрен. И во македонски брод пламен меѓу селата Црешево и карпа. Надлежните уверуваат дека состојбата е под контрола.
Во изминатите 24 часа, целосно се изгаснати 16 пожари, меѓу кои и на локации во Скопје (Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари), Куманово, Штип, Струга, Василево, Карбинци и Кривогаштани. Најчесто се работело за пожари на стрништа, дива депонија, сува трева и грмушки, но има и случаи на опожарена штала и мешана шума.