Штип

Лицата со попреченост бараат поголемо учество во политиката

27.07.2025 15:13

Во пресрет на локалните избори, здруженијата на лица со попреченост очекуваат нивна поголема застапеност на кандидатските листи за советници. Со години без свој кандидат на изборите, локалните во 2021-ва се исчекор кога девет лица со попреченост беа на листите за советници, од нив двајца носители на листи. До сега ниту едно лице со попреченост нема седнато во пратеничките клупи...

Двајца советници и една претседателка на совет се лица со попреченост во сите 80 општини во државата. Политичките партии сè уште не ја препознаваат потребата за вклучување на лицата со попреченост во креирањето на политики, велат од здружението на слепи лица

Здружението „Инклузива“ пред две години до Собранието достави предлог за измени на Законот за финансирање на политичките партии, за да се зајакне учеството на лицата со попреченост во политичкиот живот. Предлогот сè уште не е ставен на дневен ред

Според анализите на „Инклузива“ над 70 насто од гласачките места се тешко достапни за лицата со попреченост.

 

Славица Величковска