„Тактичка пауза“ за да се достави помош во Газа
Израелската војска објави привремен прекин на огнот во три области на Газа, како одговор на влошената хуманитарна ситуација...

Израелската војска објави привремен прекин на огнот во три области на Газа, како одговор на влошената хуманитарна ситуација.
Израелската војска (ИДФ) соопшти дека прекинот на огнот ќе трае од 10:00 до 20:00 часот по локално време секој ден, почнувајќи од денес и ќе остане на сила до натамошно известување.
ИДФ, исто така, објави дека ќе отвори безбедни патишта за испорака на помош од Обединетите нации и други хуманитарни организации, вклучувајќи храна и основни потреби.
Одлуката за таканаречената пауза доаѓа откако Израел продолжи со воздушно испорачување помош за Газа. Додека израелските одбранбени сили продолжуваат да тврдат дека нема глад во Газа.
