Продолжуваат борбите на делови од спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа
Центрите за евакуација во Тајланд, во близина на границата со Камбоџа, продолжуваат да сместуваат голем број цивили кои избегале од вооружениот конфликт. Борбите, кои траат неколку ден, убија најмалку 33 лица, а раселени се повеќе од 168.000...

Центрите за евакуација во Тајланд, во близина на границата со Камбоџа, продолжуваат да сместуваат голем број цивили кои избегале од вооружениот конфликт. Борбите, кои траат неколку ден, убија најмалку 33 лица, а раселени се повеќе од 168.000. Тајланд и Камбоџа сигнализираа подготвеност за преговори за ставање крај на смртоносниот граничен спор по посредничките напори на претседателот Доналд Трамп. И покрај дипломатските напори, борбите продолжија по должината на делови од спорната граница, при што двете страни се обвинуваат за обновено гранатирање и движење на трупи.
„Тајланд чека искрена намера од камбоџанската страна за прекин на непријателствата, што очигледно не е случај со неселективните напади што продолжуваат да се случуваат. Штом ќе се покаже добрата волја, подготвени сме да се вклучиме во дијалог за да ги утврдиме мерките и процедурите за прекин на огнот и мирно и одржливо да ги решиме нашите разлики. Повторно, делата мора да се совпаѓаат со зборовите“, изјави Марати Палита Андамо, портпаролка на тајландската дипломатија.
„Сакам ова брзо да заврши. Сакам да си одам дома. Ваквиот живот ме прави да се чувствувам доста непријатно“, вели еден жител.
„Се молам со надеж. Бидејќи сум христијанин, се молам бог да помогне двете страни да се согласат да разговараат и да ја завршат оваа војна“, додава друг.
