Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми за 17,2%

20.08.2014 15:45

За седум месеци, од јануари до јули, нивните услуги ги користеле 704 илјади и 563 патници, што е зголемување за 17,2% во однос на истиот период лани...

Расте бројот на превезени патници преку македонските аеродроми. За седум месеци, од јануари до јули, нивните услуги ги користеле 704 илјади и 563 патници, што е зголемување за 17,2% во однос на истиот период лани.

Бројот на превезени патници преку аеродромот „Александар Велики“ бележи раст од речиси 20 проценти.

Најдобар месец годинава е убедливо април, кога биле превезени рекорди 107 илјади и 37 патници, или за скоро 40% повеќе во однос на април минатата година.

Во првата половина од годинава на двата аеродрома извршени се 7.794 летови, што е зголемување за 9,3 проценти во споредба со истиот период во 2013 година кога имало 7.128 летови.

Во однос на превезено карго (стока и пошта) од двата аеродрома превезени се 1846.43 тони, односно има зголемување од 19,8 осто во споредба со истиот период 2013 година.

За годинава се очекува, низ македонските аеродроми да минат повеќе од милион патници.