Муцунски на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
Слаба конкурентност на економиите, недоволна енергетска и инфраструктурна поврзаност и иселување на младата популација се сериозни последици со кои се соочува Балканот, потребно е поголема решителност и лидерство во интегрирање на земјите од регионот во Европската унија – посочил шефот на дипломатијата, Муцунски, на средбата на Балканската платформа за мир во Истанбул... .

Слаба конкурентност на економиите, недоволна енергетска и инфраструктурна поврзаност и иселување на младата популација се сериозни последици со кои се соочува Балканот, потребно е поголема решителност и лидерство во интегрирање на земјите од регионот во Европската унија – на средбата на Балканската платформа за мир во Истанбул посочил шефот на дипломатијата Муцунски. Според кабинетот, го нагласил и отсуството на предвидлив и динамичен европски пат.
„Позитивен пример е планот за раст за Западен Балкан, со акцент на неговиот потенцијал за донесување опипливи придобивки за граѓаните и бизнисите. Беше потенцирано и инвестициската заложба во коридорите 8 и 10, како клучни транспортни и енергетски врски меѓу Јадранското, Егејското и Црното Море. Регионот мора да вложува повеќе во човечкиот капитал, конкурентноста, туризмот, културата и образованието како предуслови за одржлив развој и поврзување“, наведуваат од МНР и НТ.
„Стабилноста на Балканот е приоритет за Турција, а платформата за решавање на регионалните проблеми‘, истакнал турскиот министер за надворешни работи.
Платформата има за цел решавање на регионалните проблеми преку зголемена соработка, енергетска стабилност и поврзаност.
На маргините министерот Муцунски разговарал со неговиот турски колега Фидан. Во фокусот зајакнување на економската соработка и билатералните политички односи. Потврдена била и тесната координација во рамки на НАТО и поддршката во мултилатералните организации.
Игор Панов
