Пожари

Гори на повеќе локации, активни се осум пожари

27.07.2025 15:41

Битка со огнената стихија се води на повеќе локации во државава, најкритично на Малешевските планини околу Берово, кај Македонски брод и Желино...

Со денови беснее пожарот на планината Готен. Пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола пламените јазици. Се протега помеѓу Радовиш, општина Василево и Берово. Најкритично е од страната на Радовиш, каде дејствуваат два хеликоптери на МВР.

Од страната на Берово, пожарот се заканува да се прошири кон поквалитетна шума. Таму дејствуваат 40 припадници на армијата.

Голем пожар и на територијата на Македонска Каменица. Во моментов беснеат 16 пожари на отворен простор. Од нив осум се активни шест се ставени под контрола, два се изгаснати.

Битка со огнената стихија и кај атарот на село Нерав, Крива Паланка, зафаќајќи над 50 хектари борова шума и проширувајќи се кон територијата на општина Ранковце (село Герман), како и кон општина Трговиште во Република Србија.

Од ДЗС се сомневаат дека голем дел од пожарите се подметнати. Во пресрет на илинденските празници, апел до граѓаните да внимаваат.

Полициски службеници со хеликоптерот „Агуста бел 212“ на министерството за внатрешни работи извеле драматично спасување на повредено лице на фронтот на пожарот. Се работи за припадник на македонската Армија од Првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија.

Александра Спировска