Рал му заблагодарува на Кедира?!

20.08.2014 16:05

„Реал му покажа на Кедира каде е вратата“, напиша „Марка“ по вчерашниот прв натпревар од Супер купот на Шпанија на кралскиот клуб со Атлетико. На „Сантијаго Бернабе“ беше 1-1 пред реваншот на „Висенте Калдерон“, а германскиот репрезентативец не се наоѓаше ниту на клупата за резерви.

Ваквиот потег престижниот весник го протолкува како јасен став на клуското раководство дека 27-годишниот фудбалер треба да го напушти Реал. Кедира има важечки договор и за наредната сезона, но доколку европскиот првак не го продаде до први септември, тогаш во следниот преоден рок играчот за врска ќе биде слободен агент, а мадридската екипа нема да наплати ниту евро за него.

Откако се повредија Хави Мартинез, Тјаго Алкантара и Бастјан Швајнштајгер, се шпекулира дека Баерн сака да го врати Кедира во своите редови. „Кедира е фудбалер што може да игра во кој било клуб“, рече Франц Бекенбауер, почесниот претседател на Баерн Минхен.