Пожари горат на неколку локации низ Македонија
Пожари горат на неколку локации. Земјава го активираше ЕУ-механизмот за заштита на цивилна заштита. Се очекува помош во справувањето со огнените стихии, најпотребни се воздухоплови...

Продолжува борбата со огнената стихија. Пожари горат на неколку локации. Земјава го активираше ЕУ-механизмот за заштита на цивилна заштита. Се очекува помош во справувањето со огнените стихии, најпотребни се воздухоплови.
Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи активни над 10 пожари. Гори во општина Василево, Радовиш, оган има на малешевските планини, прилепско, сериозен пожар има на планината Готен каде што во гаснењето се вклучени голем број припадници на армијата.
Пожар има и во село Бешиште кон границата на село Гранешница, пожарот на границата од Прилеп кон Кавадарци е со силен интензитет, гори и во Македонски Брод. Пожарот кој синоќа избувна кај Катланово е ставен под контрола, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување.
