Скопје
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
28.07.2025 09:53
Изутрината Град Скопје во кусо соопштение информира дека споменикот на Ќосето повторно е поставен...

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето вратен во Скопје. Изутрината град Скопје во кусо соопштение информира дека споменикот на Ќосето повторно е поставен.
Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија, стои во соопштението на Град Скопје.
Споменикот беше отстранет од претходникот на сегашната градоначалничка Арсовска, Шилегов.
