Црвено светло во Монако

20.08.2014 16:13

Потпретседателот на Монако, Вадим Василев, најави можност клубот да се засили со уште некој фудбалер до крајот на преодниот рок. По двата пораза од Лориен и од Бордо во новото француско првенство, раководството на клубот од кнежевството размислува да го зајакне играчиот потенцијал.

„Нашата екипа веќе е изградена, но доколку ни се укаже можност, ќе пазариме уште. Нема да трошиме пари само затоа што сме Монако и имаше можност да купуваме. Ќе го направиме тоа само ако најдеме играч со карактеристики што нам ни одговраат“, објасни Василев. Досега Монако ги купи Тиемуе Бакајоко од Рен и Мартин Стекеленбург од Фулам, а од новите фудвбалери го прати младиот голман Пол Нарди на отстапка во Нанси.