Блиски Исток

Нетанјаху ги негираше извештаите за глад во Газа

28.07.2025 20:14

Израелскиот премиер Нетанјаху ги негираше извештаите за глад во Газа и го обвини Хамас за кражба на помошта...

Израелскиот премиер Нетанјаху ги негираше извештаите за глад во Газа и го обвини Хамас за кражба на помошта.

Израелската армија почна ограничена пауза во борбите во три населени области по 10 часа на ден со цел да се зголеми протокот на помошта.

Властите во Тел Авив се соочуваат со меѓународни критики по зголемениот број извештаи за смртни случаи од глад. Јордан соопшти дека трипати пуштиле храна од воздух за Појасот Газа.