Азија

Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД

28.07.2025 13:37

Американскиот државен секретар Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот ќе помогне во мировниот процес...

Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД откако воените сили на двете земји неодамна влегоа во судир.

Американскиот државен секретар Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот ќе помогне во мировниот процес.

Шефот на Белата Куќа објави дека верува двете страни се подготвени да ги надминат разликите и им порача дека САД нема да склучат трговски договори со нив доколку не ги прекинат судирите. Раселените жители од границата не се оптимисти за исходот.