Светски ден за борба против хепатитис
По тој повод денеска од 10 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде поставена мобилната единица со што ќе почне бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болестите на црниот дроб...

Министерството за здравство заедно со Хепар-центарот Битола и Клиниките за гастро и инфективни болести по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот од денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг на хепатитис Бе, Це и ХИВ, како и еластографија за хронични заболувања на црниот дроб.
По тој повод денеска од 10 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде поставена мобилната единица со што ќе почне бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болестите на црниот дроб.
Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во земјава.
