Ќе се реконструира Мултифункционалниот центар во населбата Ново Лисиче
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, потпишаа за финансирање реконструкција на Мултифункционален центар, во населбата Ново Лисиче, во близина на спортскиот центар „Марко Божиновски“…

Киносала, простор за изложби, мултимедијален дел комплетно опремен со сценска технологија, озвучување и осветлување. Ќе се гради Мултифункционален центар во општина Аеродром за поддршка на независната културна сцена која во моментов е во дефицит, рече министерот за култура Зоран Љутков.
Потпишан е договор за финансирање и реконструкција. Ќе се работи повеќе од две години, а првата фаза ќе чини 99 милиони денари.
Најголемата општина, досега немаше ваков центар. Простор исклучиво наменет за развој на културата, рече градоначалникот Митевски.
Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028-ма година и затоа овие неколку центри кои се во тек на изградба, треба да се завршат најдоцна до 2027-ма година, рече Љутков.
Изградбата на ваквите мултифункционални центри е иднината на културата во Македонија.
Александра Спировска
