Кисела Вода доби модерен, затворен базен
Скопска Кисела Вода доби затворен базен кој е во состав на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. Базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 насто, велат од Владата …

Од 1-ви септември основците од училиштето „Невена Ѓоргиева – Дуња“ ќе имаат и час по пливање. Во скопска Кисела Вода отворен еден од петте затворени базени чија изградба беше закочена со години. Ќе може да го користат и другите основци од оваа скопска општина, граѓаните, но и пливачките клубови кои ќе пријават интерес.
Во крајна фаза на изградба е и штипскиот затворен базен. Инвеститорот најави дека до крајот на годината затворените базени во Ѓорче Петров и Битола ќе бидат пуштени во употреба.
Во 2020-та година Агенцијата за млади и спорт го отпочна проектот и оттогаш за четири години беа изградени едвај 20 проценти од објектите.
Викторија Милевска
