Прилеп
Се дебелееме поради нездрава храна и недвижење
28.07.2025 17:20
Брзиот начин на живот не значи и нездрава исхрана. А и заборавивме да се движиме почесто. Тоа главно влијае да бидеме на пат на нација со прекумерна тежина. Што велат нутриционистите, а што граѓаните?...

Брзиот начин на живот, калорична, но не и нутритивна храна и недвижењето, се главните фактори што стануваме нација со прекумерна тежина, вели нутриционистот Тодорка Наумоска Димески. А и не им даваме пример на децата за здрава храна.
Што велат граѓаните? За нив, и танкиот паричник не овозможува здрава храна.
Советот е едноставен – мора да го промениме начинот на исхрана и повеќе да се движиме.
Прекумерната тежина може скапо да го чини нашето здравје.
Елизабета Митреска
