САД

Во Фергусот еруптира расната нетрпеливост!

20.08.2014 16:36

Состојбата ескалираше по вчерашното убиство на 23-годишен Aфроамериканец во Сент Луис...

Ерупција на расната нетрпеливост во американската сојузна држава Мисури. Состојбата ескалираше по вчерашното убиство на 23-годишен Aфроамериканец во Сент Луис. Полицијата реагирала по сигнал за грабеж во продавница. Момчето било воружено со нож и не ги почитувало наредбите на безбедносните сили.

„Момчето што беше убиено од полицијата било предупредено бидејќи не ги послушало наредбите, и во него било пукано од безбедносни причини“, вели Сем Дотсон.

Веднаш по инцидентот во Сент Луис се насобрала толпа луѓе, револтирани и со обвинувања дека полицијата е решена да убива црни момчиња. 

„Состојбата не е иста како во Фергусон, ниту пак проблемот е ист. Тоа што се случува во Фергусон, нема да се случи и овде. Шефот Дотсон е голем професионалец и веднаш ќе ја реши новонастанатата состојба. Сите сакаме да бидеме сигурни дека се ќе се среди и имаме доверба во правниот систем“, рече Антонио Френч, Градски совет на Сент Луис.

Во меѓувреме продолжуваат нападите на демонстрантите врз полицијата во Фергусон. Приведени се 47 демонстранти и неколкумина новинари. Воведен е полициски час.

Полицијата со сите сили се обидува да воспостави раед и да го врати мирот во градот. Главниот државен обвинител се сретна со претставници кои ја водат истрагата за убиството на тинејџерот Мајкл Браун.

Обвинителите пред поротата треба да ги презентираат доказите против полицаецот, по што ќе се утврди дали ќе биде подигнато обвинение.

Адвокатот на семејството соопшти дека Мајкл Браун ќе биде погребан в понеделник. Планирана е јавна комеморација.

Марија Петковска