Украина

Киев и Москва ги продолжија нападите

29.07.2025 09:39

Едно лице загина во напад со дрон во руски Ростов, а одбиени нападите во други области...

Киев и Москва ги продолжија нападите. Две лица загинаа во руски ракетен напад врз Камјанск, во југоисточна Украина.

Едно лице загина во напад со дрон во руски Ростов, а одбиени нападите во други области.

Особено тешка состојбата во Покровск, светските агенции известија дека руските сили се на влезот од градот. Новиот рок на Москва за постигнување прекин на огнот во Украина е 10-12 дена, во спротивно ќе се соочи со царини од 100 проценти, објави американскиот претседател Трамп, нагласувајќи дека е разочаран од Путин.