САД

Вооружен напад во Њујорк, има загинати

29.07.2025 11:41

27 годишен вооружен маж со пушка уби четири лица и рани уште еден во деловна зграда на Парк Авенијата каде што се наоѓа седиштето на Националната фудбалска лига...

Драма во центарот на Менхетен, Њујорк. 27 годишен вооружен маж со пушка уби четири лица и рани уште еден во деловна зграда на Парк Авенијата каде што се наоѓа седиштето на Националната фудбалска лига. Шејн Девон Тамура најпрвин пукал во лобито на облакодерот, а потоа и на 33-тиот кат пред да си го одземе животот.

Напаѓачот бил фудбалер во младоста, оставил проштално писмо во кое ја обвинува фудбалската лига дека страда од болест најчесто поврзана со многубројни повторливи удари во главата кај спортистите.