ДИК и ОБСЕ за избирачкиот список

17.12.2013 20:56

Државната изборна комисија е надлежна за водење на регистарот на избирачи, од каде се вади избирачкиот список, но, нема доволно ресурси за тоа без надворешна подршка. Со ваква проценка излезе ОБСЕ/ОДИХР во извештајот по направената сондажа во септември. Од таму велат дека долгорочно можеби треба да се размислува дали одговорноста за ажурирање да ја преземат МВР и Управата за евиденција на матичните податоци.

,,Државната изборна комкисија се уште не е подготвена целосно да ја преземе одговорноста во поглед на водењето на регистарот на избирачи,, смета претставникот на ОБСЕ/ОДИХР,Зоран Ѓоковиќ.

Претседателот на работната група Бедредин Ибраими со контра став-ДИК е целосно подготвена да ја преземе одговорноста за водење на списокот. Комисијата е собраниско тело,а со тоа ,додаде Ибраими, и контролор на извршната власт.

,,Јас мислам дека се исполнети условите целосно избирачкиот список да се пренесе во Државната изборна комисија,, изјави Претседателот на работната група за избирачкиот список,Бедредин Ибраими.

Извештајот ја прикажува состојбата кој фактички и реално досега го водел и го ажурирал избирачкиот список, рече Дамјан Манчевски од СДСМ. Членот на ДИК, Сашо Срцев бара избирачкиот список да дојде во комисијата.

,,Градењето капацитети не значи немање капацитети,,смета членот на ДИК,Сашо Срцев.

,,Она што е наш став,а мислам дека апсолутно  го пишува и во извештајот е дека целосната одговорност за водењето и ажурирањето на избирачкиот список досега реално била во МВР и во Управата за водење матични книги во Министерството за правда,,рече Дамјан Манчевски од СДСМ.

Изборниот законик е дециден-водењето на Избирачкиот список, проверката на интегритетот на базата на податоците, запишувањето, дополнувањето и бришењето во списокот, се надлежности на Државната изборна комисија,соопштуваат од МВР.

Милчо Велески