МВР
Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, лишено од слобода едно лице
29.07.2025 19:36
Вчера во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани...

Вчера во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
