Македонија

Зголемен бројот на несреќи предизвикани од возачи на електрични тротинети

29.07.2025 14:27

Граѓани се жалат дека лицата коишто управуваат електрични тротинети се движат по улици, тротоари, но и низ трговски центри со што ја загрозуваат безбедноста не само на учесниците во сообраќајот, туку и на пешаците...

Зголемен е бројот на несреќи предизвикани од возачи на електрични тротинети, особено управувани од малолетници. На еден тротинет, со голема брзина се возат и по неколку лица, не се носи ниту заштита опрема. Лекарите апелираат, родителите да внимаваат на нивните деца.

Од 50 до 120 евра ќе треба да плати секој кој ќе ги прекрши одредбите од законот за безбедност на сообраќајот, зависно од прекршокот што е направен.

Граѓани се жалат дека лицата коишто управуваат електрични тротинети се движат по улици, тротоари, но и низ трговски центри со што ја загрозуваат безбедноста не само на учесниците во сообраќајот, туку и на пешаците.

Според законот, електричен тротинет може да управува лице кое наполнило 14 години, а возачот не смее да превезува други лица на него. Брзината не смее да биде поголема од 25 километри на час.

 

Александра Спировска