Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК
По констатирањето на оставката на досегашната претседателка на антикорупциска, Татјана Димитровска, против која е поднесено обвинение за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“ и за компјутерски фалсификат при добивањето на безбедносен сертификат, собраниската Комисија за избори и именувања ќе распише нов оглас за прв човек на ДКСК...

Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска.
По констатирањето на оставката на досегашната претседателка на антикорупциска, Татјана Димитровска, против која е поднесено обвинение за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“ и за компјутерски фалсификат при добивањето на безбедносен сертификат, собраниската Комисија за избори и именувања ќе распише нов оглас за прв човек на ДКСК.
Седницата на телото ќе се одржи утре или в четврток. Ќе се бараат мислења и од комисијата и од Уставниот суд за начинот како да се тера постапката, имајќи предвид дека локалните избори се очекува да бидат распишани на 8-ми август.
Членовите на собраниската комисија ќе работат, и покрај планираниот одмор на пратениците од 1-ви до 15-ти август.
