Буралиева: Ако исклучувањето е најкреативен потег на СДСМ, со мирна совест ќе ја прифатам одлуката

20.08.2014 16:51

Ако исклучувањето е најкреативниот и најполезниот потег за успешноста во делувањето на партијата, со мирна совест ќе ја прифатам одлуката, вели пратеничката Љубица Буралиева за најавата дека вечерва Централниот одбор на СДСМ ќе одлучуваат и за нејзино исклучување, заедно со Солза Грчева, од партијата.

„Сознанието дека сме фигури во шаховска партија со однапред осмислен исход ми ја олеснува мачнината на товарот“, вели Буралиева.

Од СДСМ велат дека со исклучувањето на пратеничките дефинитивно ќе се дистанцира од одлуките и од политичките дејствувања на Грчева и Буралиева

„Во Собранието влегов како опозиционер и ќе дејствувам како опозиција. Се прашувам дали во стратегијата за вонинстутициолано дејствување партијата ќе донесе одлука и сите други, советници, градоначалници, вработени во институциите ќе се откажат од функциите“, вели Буралиева.