Стандард

Утре седница на Економско-социјалниот совет, ССМ бара зголемување на минималецот

29.07.2025 17:36

Бруто и нето просечната плата растат за повеќе од 11 проценти, но не е доволно – став на премиерот Мицкоски. Утре седница на Економско-социјалниот совет, ССМ бара зголемување на минималецот на 500 евра...

„Просечната плата треба да биде уште поголема, продолжуваме да работиме во таа насока“, уверува премиерот Мицкоски, откако Заводот за статистика измери дека во мај, просечната нето-плата изнесувала 45 илјади 796 денари, за 11 проценти повисока споредено со истиот месец лани.

Барањето за зголемување на платите е повторно на маса. Откако го доби решението за репрезентативност, Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека не отстапува од барањето за повисок минималец.

Утре се очекува да биде Економско-социјалниот совет каде што првото барање на ССМ ќе биде зголемување на минималната плата на 500 евра.

Владите во регионот им даваат поддршка на работниците, тоа треба да го направи и нашата влада, порача Трендафилов.

Додека се кршат копјата за повисоки плати, граѓаните се жалат дека едвај врзуваат крај со крај за да го протуркаат месецот.

Од ССМ посочуваат дека вредноста на синдикалната кошница се зголемува и затоа и потребно зголемување на платите. Власта, пак, најави дека наместо една, ќе се пресметуваат неколку вида различни кошници.

 

Ана Јосифоска