Собрание

Собраниска седница за интерпелацијата на Коцевски

29.07.2025 15:45

Свилен гајтан околу вратот на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. Мнозинството даде поддршка за поднесената интерпелација од „Левица“, која го обвини за селективни истраги и скандали. ВМРО-ДПМНЕ порача дека Коцевски не ја оправдал довербата и не ја искористил дадената шанса. СДСМ, пак, посочи дека интерпелацијата нема правни последици...

Селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, ова се аргументите на „Левица“ за поднесената интерпелација на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Државата мора да добие функционален и независен обвинителски систем порачаа од ВМРО-ДПМНЕ кои ја поддржаа интерпелацијата.

За социјал демократите процедурата е промашена. Требало да се оди со разрешување, наместо интерпелација за Коцевски, кој во овој случај не мора да се повлече зашто постапката нема правни последици.

Од Европскиот фронт сметаат дека Коцевски не се разликувал од претходниците и тој бил со власта.

Во своето образложение контра интерпелацијата, Коцевски напиша дека таа е недозволена според закон, без аргументи и политички мотивирана.

Миле А. Ристески