Со убиство на американски новинар, ИДИЛ упати сериозни закани до САД

20.08.2014 16:57

„Или Обама ќе ја повлече својата одлука или ќе има уште жртви“- закана од џихадистите на ИДИЛ кои на интернет објавија видео снимка на која е прикажано убивањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше заробен во Сирија пред скоро две години.

„Сочувајте го моето достоинство и не прифаќајте никаква надокнада за моето убиство од истите луѓе кои го заковаа последниот клинец во мојот ковчег со нивната последна кампања во Ирак“, рече американскиот новинар Џејмс Фоли.

Ова се неговите последни зворови до родителите пред неговото јавно отсекување на главата во знак, на како што велат џихадистите „одмазда за американското бомбардирање“ врз позициите на Исламската држава и мешање во Северен Ирак.

„Ние сме исламистичка армија и држава, широко прифатена од муслиманите во светот, животот на овој американски државјанин, Обама, зависи од твојата наредна одлука“, рече екстремистот на ИДИЛ.

Британскиот премиер и министер за надворешни работи Дејвид Камерон и Филип Хамонд се сомневаат дека убиецот на Фоли, според акцентот најверојатно е Британец.

„Свесни сме дека нашите државјани во Ирак и Сирија се на страната на ИДИЛ и дека се вклучени во страшни злосторства. Ситуацијата е алармантна“, изјави шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.

На крајот од видеото џихадистот го прикажува новинарот Стивен Сотлоф кој известува од Блискиот Исток за весникот „Тајм“ велејќи дека тој ќе биде следната жртва доколку претседателот на САД, Барак Обама не ја повлече својата одлука.

Семејството на убиениот Џејмс Фоли ја потврди неговата смрт на страницата на Фејсбук.

Бојана Крстевски