МВР

Пронајдено телото на исчезнатото девојче во Вардар

30.07.2025 08:34

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото било најдено и извлечено од реката во близина на старо градско, вчера околу пладне. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција...

Пронајдено е безживотното тело на 16-годишното девојче што пред шест дена исчезна во водите на Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото било најдено и извлечено од реката во близина на старо градско, вчера околу пладне. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Исчезнувањето на 16-годишното девојче го пријави сестрата на малолетничката.

Во Вардар исчезна и 26-годишна жена, но таа беше пронајдена жива.