Променливо облачно време со сончеви периоди
Под влијание на променливо облачно време со сончеви периоди, но метеоролозите предупредуваат на нестабилност попладне и во текот на ноќта кон четврток. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња...

Денешниот ден ќе биде под влијание на променливо облачно време со сончеви периоди, но метеоролозите предупредуваат на нестабилност попладне и во текот на ноќта кон четврток. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња.
Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.
Температурите ќе се движат од 12 до 20 степени во утринските часови, додека максималната дневна ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од 17 до 32 степени.
