Влада

Поништена листата на кандидати за судија во Стразбур

30.07.2025 08:46

Владата ја поништи листата со тројца предложени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур...

Владата ја поништи листата со тројца предложени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На листата се наоѓаа обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелација, Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски.

Како причина за одбивањето се наведува дека кандидатите не ги исполнувале предвидените услови. Владата формира нова комисија со 5 члена, наместо претходните девет.

Во одлуката за формирање на комисијата е наведено дека предлогот за избор на тројца кандидати треба да биде доставен до Владата, по добивање мислење од советодавниот панел на експерти при Советот на Европа.