Украина

Трамп: Рок од 10 дена Русија да ги запре борбите

30.07.2025 09:09

Американскиот претседател дециден, рокот до Русија да ги запре борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска...

Американскиот претседател дециден, рокот до Русија да ги запре борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска. Трамп рече дека е штета што досега не добил никаков одговор од Путин.

Од Кремљ претходно изјавија дека Русија знае за најновата изјава на американскиот претседател, а Москва останува посветена на мировниот процес и на заштита на своите национални интереси.

Зеленски вели дека Русија ги игнорира глобалните повици за прекин на војната и дека е потребен посилен меѓународен притисок, вклучително и повеќе санкции и поддршка за Украина.

Дополнително, најави нов пакет помош од 400 милиони евра за украинските производители на беспилотни летала.