Блиски Исток

17 држави бараат Хамас да го предаде оружјето

30.07.2025 09:38

Група од 17 земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Катар и Египет, го повикаа Хамас да го предаде оружјето на Палестинската самоуправа...

Конференцијата на Обединетите Нации за израелско-палестинскиот конфликт заврши со повик за крај на владеењето на Хамас во Газа.

Група од 17 земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Катар и Египет, го повикаа Хамас да го предаде оружјето на Палестинската самоуправа. Во усвоената декларација исто така, се осудуваат нападите на Израел врз цивилното население и инфраструктура, опсадата и гладувањето.

Документот ја повикува израелската војска да ги повлече силите од Газа и да ги запре израелските доселеници на окупираниот Западен Брег. Од Стејт Департментот велат дека конференцијата во Њујорк го поткопува дипломатските напори за мир.