МВР
Приведено лице, во неговото возило биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва
30.07.2025 11:27
Во с. Бродец, општина Чучер Сандево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.К.(63) од с. Побожје, скопско...

На 29.07.2025 во 19.45 часот во с. Бродец, општина Чучер Сандево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.К.(63) од с. Побожје, скопско.
При извршен преглед во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва.
Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
