Победа за пласман на европското првенство
20.08.2014 16:59
Победа за реванш на кој што чекаме скоро 15 години. Победа за самодоверба и за задоволување на егото.
Македонските кошаркари се во Белгија, пред четвртиот меч од тековниот квалификациски циклус, за место меѓу најдобрите селекции на стариот континент, на собирот што ќе се игра догодина.

Ако победат против фаворизираните Белгијци, Македонците ќе бидат сигурни на првата позиција во групата Д. Ако загубиме, со разлика 3 или помалку поени, но тука е битно и колку поени ќе примиме, повторно можеме да се надеваме на првата позиција, со победи против Данска и против Белорусија на последните два дуела во Скопје.
Тоа се бројките, кои што може да не релаксираат, но никако да ни бидат водич. Мора да ја завршиме турнејата од три гостувања по Европа, во висок стил. Да одиграме приближно како во Скопје на воведниот дуел со Белгија и како на оној во Минск, против Белорусите. Тоа не е ниту невозможно, ниту пак е преголемо очекување во форма на притисок, за оваа наша А селекција.
Новата генерација да и се реваншира на Белгија за поразот во квалификациите за ЕП 2001-та, кога токму Белгијците на нивниот терен, ни ја скроија капата. Ние не можеме да им се мешаме во патот до континенталниот собир, затоа што ако не се први сигурно ќе бидат втори, но барем да не запаметат по нешто, слично како Литванците, а воедно и да си ги наполниме его батериите.
Мечот се игра во Шарлоа, од 20:30, ќе го емитуваме на МРТ 3.