Крушево

На „Македониумот“ му е потребно темелно одржување

31.07.2025 17:45

Споменикот „Илинден“ или познатиот „Македониум“ веќе 51 година е симбол на македонската држава, на непокорот и историските премрежја. Познат е во светски рамки како исклучително уметничко дело. Но, му треба големо внимание од државата и темелно одржување…

На познатиот симбол на македонската држава, споменикот „Илинден“ или познатиот „Македониум“ му треба внимание и темелно зачувување. Симболиката на Македонија низ значајните историски периоди е вткаена во специфичната топчеста градба која е зачеток на современата македонска скулптура.

Споменикот е репрезент во светски рамки.

Со години се најавуваа обновувања на витражите, на конструкцијата.

Македониумот е еден од најпосетуваните споменици од гостите и туристите во Крушево.

 

Елизабета Митреска