АЗИЈА
Тајланд ја обвинува Камбоџа за прекршување на прекинот на огнот
30.07.2025 17:58
Властите во Бангкок обвинуваат дека ова е второ кршење на примирјето откако двете страни во Малезија, со посредство на САД се договорија за безусловен прекин на огнот...

Тајландската војска ги обвини камбоџанските сили за кршење на договорот за прекин на огнот на три одделни локации долж спорната граница. Властите во Бангкок обвинуваат дека ова е второ кршење на примирјето откако двете страни во Малезија, со посредство на САД се договорија за безусловен прекин на огнот.
Камбоџа ги отфрли наводите за разгорување на борбите, нагласувајќи дека е посветена на договореното.
Во петдневните интензивни борби на границата, најмалку 43 лица загинаа, а повеќе од 300 илјади цивили беа раселени.
