НБ: Каматните стапки остануваат непроменети
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто...

Се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, каматните стапки остануваат непроменети, велат од народната банка. Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто.
Понудата на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари – одлучи Извршниот одбор за монетарна политика. Целокупниот сет досегашни мерки е насочен кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и кон зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, велат од централната банка. Препораката е внимателно да се следи инфлацијата.
Стабилна е и состојбата на девизниот пазар. На крајот на јуни, нивото изнесува 4.697,6 милион евра, што, според народната банка, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.
