Стручните тимови од Центрите за социјална работа, од септември повторно на терен

20.08.2014 17:03

Ќе ги информираат социјално загрозените лица како да ги остварат своите права...

Од септември, стручните тимови од Центрите за социјална работа повторно на терен. Ќе ги информираат социјално загрозените лица како да ги остварат своите права. Голем дел од граѓаните што живеат во руралните средини незнaеле дека имаат право на паричен надоместок. По средбите со социјалните работници, 467 лица добиле финансиска помош.

„Сакаат да се информират колкава е паричната помош што може да ја примат, кои се условите, се работи за работноспособни луѓе, само им треба информација како да го направат тоа.

Министерот Спасов вели дека овие мерки им ја даваат социјалната заштита на граѓаните кои се во ризик.

„Од страна на стручните работници е направен увид и дадено е советување, посета во домовите на неподвижните лица, советување за нарушени семејни односи, советување на малолетници, упатување кон други институции и помош при остварување на правото“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.   

Ова е третпат како центрите за социјална работа прават теренски средби со граѓаните кои се во социјален ризик.

Со проектот „Отворени социјални денови“ беа опфатени околу 6.800 граѓани, а центрите за социјална работа посетија 662 населени места.

Викторија Тодоровска