Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Бирн во работна посета на Македонија
Бирн е во работна посета на Македонија. Ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, а ќе биде примен и од претседателката Силјановска-Давкова...

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн е во работна посета на Македонија. Ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, а ќе биде примен и од претседателката Силјановска-Давкова. Посетата на ирскиот министер на регионот, која покрај Скопје, ја вклучува и Приштина.
Пред доаѓањето во Скопје, Бирн порача дека проширувањето на Европската унија ќе биде клучен фокус за време на ирското претседателство со Советот на унијата идната година.
Одам во Северна Македонија и во Косово за да ја истакнам поддршката на Ирска за европските перспективи на двете земји. Сакам да ги охрабрам и да ги поддржам владите во Приштина и во Скопје, во нивните напори да ги спроведат потребните реформи за усогласување со стандардите на ЕУ, со цел да се постигне вистински напредок во нивната интеграција за време на ирското претседателство следната година, нагласува ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн.
