РКЕ

Нема промена во цената на парното, сметките остануваат исти

30.07.2025 12:29

Сметките за парно нема да се зголемат. Продолжуваат да важат актуелните цени се до донесување на нова одлука, одлучија регулаторите...

Сметките за парно нема да се зголемат. Продолжуваат да важат актуелните цени се до донесување на нова одлука, одлучија регулаторите.

Од извршената анализа на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, констатирано е дека за да се согледаат реалните трошоци на сите регулирани дејности, особено на топлинската енергија, потребна е проценка на вредноста на основните средства-топланите.

Цената на водата е посложен процес, вели првиот човек на Регулаторна. Бислимовски нагласува дека во соработка со водоводните претпријатија работат на доставување на заеднички предлог за измени и дополнување на два закона.

Оваа инфраструктура е стара 60-70 години, вели Бислимовски. Новиот концепт ќе овозможи намалување на загубите, но и ќе се намали процентот на ненаплатена вода. На тој начин потрошувачите ќе имаат стабилно и сигурно снабдување.

Александра Спировска