Владата очекува оставка на Коцевски
Силен институционален сигнал кој не може да биде игнориран. По изгласаната интерпелација, Владата очекува јавниот обвинител Коцевски да поднесе оставка...

Владата очекува оставка на јавниот обвинител Љупчо Коцевски по изгласаната интерпелација во Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран, оценуваат од „Илинденска 2“.
„Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните. Во исто време, вчерашниот исход ја потврди и неоснованоста на тезите што со месеци беа пласирани од опозициските партии за наводна спрега помеѓу Владата и Обвинителството. Оваа Влада не калкулира со правдата“, велат од Владата.
Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат, негласањето на СДСМ за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е показател дека во него гледаат последно упориште за спас од кривични постапки.
„Очигледно е дека Христијан Мицкоски сака обвинител под некоја контрола. Прво најавуваше смена на јавниот обвинител без конкретни причини. Потоа, кога избувна трагедијата во Кочани, лицемерно тврдеше дека ќе ја остави истрагата да си тече, дека е задоволен од постапувањето реплицираат од СДСМ“, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски сака упад во правосудниот систем. Во сето ова, левица срамно се стави во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата што наводно се залага за правда, помага во инсталирање партиски обвинител“, велат од СДСМ.
Сега останува на обвинителот коцевски дали ќе ја прифати интерпелацијата како морален чин за поднесување оставка. Тој даде одговор пред гласањето дека поднесената интерпелација е политички чин, а дека работата ја извршува совесно. Владата ја започна постапката за негово разрешување, но истата беше прекината поради трагедијата во Кочани. Интерпелацијата нема обврзувачко дејство за разлика од владината постапка за разрешување од функција.
Миле A. Ристески
