Интеграции

Поддршка за евроинтеграциите

30.07.2025 15:02

Проширувањето на Европската унија, базирано на заслуги е приоритет – порача ирскиот министер за европски прашања Томас Бирн, кој од Скопје посочи – нема гаранции оти на патот ќе нема нови пречки. Скопје бара извесност на пристапниот процес...

Македонија треба да го спроведе францускиот предлог односно преговарачката рамка на ЕУ за да се отворат пристапните поглавја за полноправно членство во ЕУ. Тоа е единствениот пат и за тоа нема изговор. ЕУ не може да даде гаранции, туку може само да го олесни пристапниот пат кон ЕУ, вели Томас Бирн, ирскиот министер за европски прашања и одбрана, според него македонскиот јазик е признат од ЕУ.

Македонскиот министер за европски прашања Орхан Муртезан, пак вели дека секоја земја треба да се вреднува според заслугите и реформите што ги постигнала во евроинтегративниот процес, а никако билатералните спорови и политичките блокади да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Соседите треба да одредат заеднички позиции во однос на добрососедските односи, што е во согласност со копенхашките критериуми на ЕУ, вели министерот Муртезани.

Ирска идната година ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ, што ќе значи според македонските власти дополнителен импулс за нашата евроинтеграција. Зашто Ирска силно се залага Западниот Балкан целосно да биде интегриран во ЕУ.

 

Игор Панов