Собрание

Две комисии денеска во Собрание

31.07.2025 09:32

Денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на двете собраниски комисии е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлог на закон е да се изврши дерегулирање и допрецизирање на одделни одредби од постојниот закон кои не се имплементирани и хармонизирани со ЕУ легислативата, а што ќе придонесе за примена на истите.